Во Струмица презентирано израелското решение за паметно управување со отпад

 Во Струмица презентирано израелското решение за паметно управување со отпад

Локалниот совет за превенција денеска ја одржа 22-та работна конференција на која главна тема беше воведување на паметно решение за управување со отпад во Струмица. Пред членовите на Советот, беше презентирано израелското решение за паметно управување со отпад од претставници на компанијата „Гениум“.

Според Владимир Костадинов, претставник на компанијата, со примена на ова решение може да се соберат сите податоци и да се обработат за да се знае за состојбата на отпадот и неговата количина.

-Во секое време ќе знаеме што се случува со отпадот, бидејќи реално тој постои, но не знаеме точно колкава е количината која се собира. Со ова решение ќе знаеме точно во кој момент каде, колку и каков отпад има. Значи, го збогатуваме процесот на селекција, процесот на колектирање и процесот на управување со самиот отпад.Самото решение се темели на дигитална платформа, која од различни типови на извори ги собира и ги обработува информациите кои ќе се собираат од камери или сензори, изјави Костадинов.

Ова решение засновано на искуството од експерти во Израел досега не е применето во Македонија.

Share via
Copy link