28 пожарникари и 7 против пожарни возила го гаснеа пожарот на патот од Владевци кон Радовиш

 28 пожарникари и 7 против пожарни возила го гаснеа пожарот на патот од Владевци кон Радовиш

Денеска околу 14:00 часот избувна голем пожар на патот од Владевци кон Радовиш, од неговата лева страна , при што за кратко време зафати дел од ниската вегетација и полскиот простор во близина на првите неколку куќи во селото.

Заради сериозноста на ситуацијата, ТППЕ Струмица веднаш ангажира 28 пожарникари-спасители и 7 ПП возила кои во најкраток временски рок пристигнаа на местото на пожарот кој што потпомогнат од силниот ветер навлезе во неколку дворови и се закануваше да ги зафати првите куќи.

Благодарение на брзата реакција на противпожарните тимови, не беше предизвикана поголема материјална штета, ниту имаше потреба од евакуација.Ситуацијата остана сериозна, бидејќи пожарот продолжи да се шири зад селото Владевци, по течението на реката, во правец кон селото Сушево, по огнена линија од околу 1 км.

Околу 20 часот пожарот е целосно ставен под контрола и изгаснат.

Фото: архива

Share via
Copy link