На патот Струмица-Радовиш пијан возач удрил во банкината, измерени му се 2,25 промили алкохол
Пожарникарите гаснеа запален стан во Струмица
Денеска во 11:25 часот ТППЕ Струмица нтервенираше на пожар во запален стан на улица „М.Х.Јасмин“. Пожарот бил во разгорена фаза, започнат од кујната и веќе ги зафаќаше сите простории во станот при што чадот се ширеше низ целиот влез кон погорните катови.
Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено изгаснат и е спречено настанување на поголема материјална штета и загуба на човечки животи.