Шапов го потпиша договорот за проектот за реконструкција на улицата „Петар Мусев“

 Шапов го потпиша договорот за проектот за реконструкција на улицата „Петар Мусев“

Денеска во просториите на Министерството за транспорт, градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, го потпиша Договорот за реализација на проектот „ Реконструкција на улица Петар Мусев во Богданци “, со кој општина Богданци учествуваше во Програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестиционите проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија.

Вкупната вредност на инвестицијата за Проектот „ Реконструкција на улица Петар Мусев во Богданци “ изнесува 63.110.145,00 мкд , а од Владата на Република Северна Македонија, согласно Програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестиционите проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година, се обезбедени средства во износ од 60.932.047,00 мкд. Разликата над обезбедените средства во износ од 2.178.098,00 мкд кои ќе се употребат за оваа инвестиција се планираат во Буџетот на општина Богданци.

Се работи за станбена улица која заради местоположбата и нејзината врска со главната улица, обиколницата ( која преку мостот на реката Луда Мара е спојка со локалниот пат Л601, делница Богданци –Стојаково , односно веднаш после мостот преставува врска со индустриската зона „Барта“), и крстосувањето со улиците Крушевска и Изворски има функција на сервисна, па дури и собирна улица.

Покрај реконструкцијата на коловозната конструкција, а со цел избегнување на ископ на ново реконструираната улица во иднина, и согласно тоа заштеда на значителни финансиски средства, на улицата е планирано поставување на ПВЦ цевки за поставување на електрични и оптички кабли, како и изградба на фекална и атмосферска канализација.

Share via
Copy link