Шапов:Во последните 8 години Општина Богданци реализираше рекордни 10,5 милиони евра инвестиции

 Шапов:Во последните 8 години Општина Богданци реализираше рекордни 10,5 милиони евра инвестиции

-Во последните 8 години Општина Богданци реализираше рекордни 10,5 милиони евра инвестиции – повеќе од сите пет претходни градоначалнички мандати заедно! Дури 93% од средствата се обезбедени преку донаторски извори, со само 6,6% сопствено учество, објави градоначалникот на Богданци и кандидат за нов мандат од СДСМ, Блаже Шапов.

-Со само 6.60% сопствено учество успеавме да изградиме проекти од трајна вредност за граѓаните,проекти кои ја унапредуваат инфраструктурата,квалитетот на живот и развојните перспективи на нашата општина.Ова е доказ дека со визија, чесна работа и домаќинско менаџирање се постигнува траен развој и подобар живот за сите граѓани!!!, напиша Шапов.

Share via
Copy link