Одбележан 11 септември – Денот на ослободувањето на Струмица
Даскаловски на одбележување на 81.годишнината од ослободувањето на Струмица
-Денес ја одбележуваме 81-годишнината од ослободувањето на Струмица – ден кога нашиот град повторно го здоби своето достоинство и слобода. Со благодарност се сеќаваме на храбрите борци и сите оние кои со својата жртва и визија ја трасираа иднината на генерациите што дојдоа по нив. Нивната борба не беше само за ослободување на градот, туку и за создавање на подобро и поправедно општество, во кое ќе владеат слободата, еднаквоста и човечкото достоинство, објави претседателот на Советот на Општина Струмица и кандидат за градоначалник, Марјан Даскаловски.
-Струмица денес е симбол на непокор, град со отворено срце, место кое расте и се развива, но и град кој никогаш не ја заборава својата историја.Оваа годишнина е потсетник дека слободата не е даденост – таа се брани, негува и пренесува на идните генерации.Нека овој ден ни биде инспирација да продолжиме со истата решителност, да ја градиме Струмица како современ, солидарен и достоинствен град, достоен за своите предци и за идните поколенија.Честит 11 септември – Денот на ослободувањето на Струмица!, напиша Даскаловски.