Од викендов „Комуналец“ почнува со есенско рачно и машинско чистење на улиците низ Струмица
Од викендов „Комуналец“ почнува со есенско рачно и машинско чистење на улиците низ Струмица

Од овој викенд ЈПКД „Комуналец„ Струмица започнува со есенско рачно и машинско чистење и миење на улиците низ Струмица.
-Почнуваме со Булевар „Маршал Тито“, Булевар „Ленинова“, Булевар „Гоце Делчев“ како и со улиците „Балканска“, „Маршал Тито“, „Гоце Делчев“ , „Сандо Масев“ и „Невена Стојкова“. За акцијата да биде целосно успешна, поради присуство на механизација за чистење и перење се замолуваат сите граѓани од гороспоменатите улици во Недела 9 Ноември од период од 05 до 14 часот да ги отстранат паркираните возила, се наведува во соопштението на ЈПКД „Комуналец“.