Во „Карпош“ ќе се гради уште еден парк во соработка на Општината со УНДП
Мигрантка од Кина загина во сообраќајка на патот Валандово-Дојран, а седуммина се повредени

СВР Струмица соопшти дека на 19.11.2025 околу 04:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Дојран, товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од С.М.(52) од Србија, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, на местото починало женско лице-мигрант од Кина, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција.
Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката.
Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош.

Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, изврши екипа од ОВР Гевгелија.
За несреќата информираа и од ТППЕ Струмица:
-Денес, (среда) 19.11.2025 година во 08:.00 часот, на патот Валандово-Дојран, ТППЕ Струмица со едно ПП возило и тим од пожарникари-спасители заедно со тим на пожарникари-спасители од ТППЕ Гевгелија учествуваше во извлекување на лица од превртено и излетено од патот товарно моторно возило. Лицата се предадени на екипи на брзата помош.
Фото: ТППЕ Струмица