Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица на соопштението на СДСМ Струмица
Полициски билтен:пронајдена марихуана, возел со 1,94 промили алкохол во крвта, повреден работник во Струмица

На 09.01.2026 во 14:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Т.М.(30) од Штип и Е.А.(24) од Кочани. При преглед на патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, е пронајдена марихуана. Запознаен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2026 во Нов Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.М.(36) од Скопје. При контрола на патен сообраќај на регионален пат помеѓу Стар Дојран и Нов Дојран, полициски службеници дале знак да застане на патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, но возачот на возилото не ја почитувал наредбата на полициските службеници. Потоа, возилото е пронајдено пред угостителски објект во Нов Дојран и утврдено е дека го управувал Б.М. од Скопје, а при извршено алкотестирање на возачот, утврдено е присуство на алкохол во крвта од 1,94 промили. Запознаен е јавен обвинител и по документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.01.2026 во Полициската станица Струмица од лекар од Општа болница Струмица е пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен А.А.(39), кој се здобил со повреда на дланката при работа во правен субјект во Струмица. Извршен е увид од трудов инспектор и екипа на СВР Струмица.