Лице од валандовско управувало возило под дејство на алкохол, следува пријава
Лице од валандовско управувало возило под дејство на алкохол, следува пријава

МВР соопшти дека вчера во 13:06 часот во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода Г.К.(46) од село Јосифово. При сообраќајна контрола во Јосифово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Фото: илустрација МВР