Македонски олимписки комитет:Отворен повик за врвна меѓународна програма за едукација на тренери во Колорадо Спрингс, САД!

 Македонски олимписки комитет:Отворен повик за врвна меѓународна програма за едукација на тренери во Колорадо Спрингс, САД!

Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на САД и Универзитетот во Делавер (САД), со задоволство го најавува отворениот повик за учество во Меѓународната акредитирана програма за едукација натренери – International Coaching Enrichment Certificate Program (ICECP) за 2026/2027 година.
Оваа престижна програма поддржана од Меѓународниот олимписки комитет – ИОК, која се одржува во Олимпискиот тренинг центар во Колорадо Спрингс (САД), има за цел да им овозможи на тренерите од целиот свет да ги усовршат своите вештини во областа на спортските науки, лидерството и менаџирањето на тренажните процеси. За да биде земен во предвид, кандидатот предложен од соодветната Национална спортска федерација треба да ги исполнува следните критериуми:

• Да биде активен тренер во спорт кој е на официјалната листа на ICECP за 2026/2027година (стреличарство, атлетика, кошарка, мечување, џудо, веслање, пливање, пинг-понг, теквондо, тенис, oдбојка, рагби, кревање тегови и борење);

• Потврда за одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен);

• Скенирана копија од патната исправа на кандидатот;

• Официјален допис (номинација) од страна на Националната спортска федерација;

• Професионална биографија (CV) на кандидатот на англиски јазик;

• Краток план-проект (насоки за тоа како стекнатото знаење би се применило  во матичниот спорт во Македонија и тема која е од интерес на кандидатот и НСФ);

• Посветеност кон развој на спортот и подготвеност за имплементација на предложениот проект по завршување на едукацијата;

• Завршено високо образование.

Вашите пријави и предлог-кандидати заедно со бараната документација треба да бидат доставени до канцеларијата на ОКСМ (контакт е-маил: mok@mok.org.mк) најдоцна до 13 февруари 2026 година. Пријавите пристигнати по овој рок нема да бидат разгледувани.

Ве молиме сериозно да пристапите кон изборот на кандидатите, имајќи предвид дека ова е единствена можност за подигнување на капацитетите на вашиот тренерски кадар на највисоко светско ниво.Повеќе информации ќе најдете на брошурата (ЛИНК)
Целиот документ можете да го симнете на овој линк

За сите дополнителни информации во врска со оваа програма, ви стоиме на располагање.

Share via
Copy link