Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на годинашниот Струмички карневал

 Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на годинашниот Струмички карневал

Душко Тимов и Даница Тимова се принцот и принцезата кои утревечер заедно со кралот и неговата свита ќе ја предводат карневалската поворка на Струмичкиот карневал 2026.Тие беа избрани на синоќешниот традиционален маскенбал кој се одржа во хотелот „Сириус“, а кој уште еднаш потврди дека им нема рамни на струмичани за организирање и одржување на забава под маски.

-Беше весело и убаво со разновидни маски изработени со многу љубов и труд, прекрасен спој на традиционалното и новото во магијата наречена Струмички чудо.Почитувајќи ја традицијата и давајќи безрезервна поддршка на карневалските празнувања, и градоначалникот Петар Јанков со сопругата уживаа во маскенбалот своите сограѓани и гостите пријатели на карневалска Струмица, се наведува во објавата на Општина Струмица.

Карневалската треска ќе кулминира вечер кога во Интернационалната поворка ќе продефилираат 39 домашни и странски маски со над 1.000 учесници.

Share via
Copy link