Опжарени два автомобила на улица „Браќа Миладиновци“ во Струмица

 Опжарени два автомобила на улица „Браќа Миладиновци“ во Струмица

На 21.02.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во времето од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки, кој се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, соопштија денеска од полицијата.

Возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица.

Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

За случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршија инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: илиустрација архива

Share via
Copy link