Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за ученици од основните и средните училишта

 Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за ученици од основните и средните училишта

Струмица денеска е домаќин на Државното првенство во шах за ученици од основните и средните училишта во Македонија. Првенството се одржува во спортската сала на СОУ „Јане Сандански“, а го отвори градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков.

Тој на учесниците им посака добредојде во Струмица, општина во којашто со години се вложува во младите, во спортот и во образованието и упати благодарност до Федерацијата на училишен спорт на Македонија и до Општинскиот сојуз на училишен спорт – Струмица за организацијата на овој значаен настан.

-Особено ме радува што денес тука се најдобрите млади шахисти од основните и средните училишта од цела Македонија. Вие сте пример дека младите можат да се натпреваруваат со знаење и интелегенција. Верувам дека токму меѓу вас се идните шампиони кои ќе ја претставуваат нашата држава и на меѓународната шаховска сцена. Шахот е многу повеќе од игра. Како што тече секоја партија така се развива и размислувањето, трпението, дисциплината и стратегијата, кои ве градат не само како натпреварувачи, туку и како личности, рече градоначалникот Јанков.

На ова Државно првенство во шах, поддржано од Oпштина Струмица и градоначалникот, Петар Јанков, учествуваат вкупно 213 момчиња и девојчиња од основните и средните училишта во државата.

Фото: Општина Струмица

Share via
Copy link