Пожарникарите извлекоа девојка падната во Црвен дол под Цареви кули
Пожарникарите извлекоа девојка падната во Црвен дол под Цареви кули

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол, соопштија од ТППЕ Струмица.
-Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенираа шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила. Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице.По успешно спроведената акција, лицето беше извлечено и предадено на екипа на Итна медицинска помош, се наведува во објавата на струмичките пожарникари.
На местото на настанот биле присутни и екипи од МВР Струмица.