Полициски билтен:радовишанец направил карамбол, брзо и возење „под гас“,семејно насилство, физичка пресметка

На 21.03.2026 во 13:30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода А.М.(22) од с. Прналија, радовишко. Тој во 13 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш предизвикал сообраќајна несреќа, удирајќи во парапетен зид, паркирано патничко возило, а потоа и во дрво, по што го напуштил местото на настанот. Лицето било пронајдено и задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот, против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.03.2026 во 10:11 часот на автопат А1, паркинг Милетково, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин А.С.(20). При контрола на сообраќајот било утврдено дека А.С. управувал патничко возило „ауди“ со косовски регистарски ознаки, со брзина од 211 км/ч, на место каде брзината со сообраќаен знак е ограничена на 120 км/ч. Против лицето е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.
На 21.03.2026 во 17:50 часот во село Ињево, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Д.К.(41) од село Дедино, општина Конче. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.К., при што полициски службеници констатирале дека тој возилото го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот против Д.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 22.03.2026 во 01:25 часот на регионален пат 1109, во близина на Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.Т.(55) од Богданци. При контрола на патниот сообраќај полициски службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со грчки регистарски ознаки, управувано од Т.Т. и од извршеното мерење со дрегер било утврдено дека тој возилото го управува со 2,29 промили алкохол во крвта. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По документирање на случајот против Т.Т. ќе биде поднесена кривична пријава.
На 21.03.2026 во 10:20 часот во Полициската станица Гевгелија 31-годишна жителка на гевгелиско село пријави дека околу 01:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 33- годишен сопруг, при што и нанел повреди на телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.03.2026 во 22:30 часот во Полициската станица Струмица 37-годишна жителка на струмичко село пријави дека околу 20:00 часот во Струмица била физички нападната од нејзиниот 38-годишен сопруг. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 21.03.2026 во 21:00 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека во с. Коџалија, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ј.(21) и И.Ј.(52), двајцата од село Аликоч, радовишко. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.