Манчев: намерно се пали депонијата во Босилово

-Веќе неколку дена упорно се пали депонијата во Босилово, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.
Додава дека во 7.00 часот денес не горела, во 7.45 горел делот кај портата.
-Со крајни напори се изгасна, поручек беше потпален другиот крај позади депонијата и така неколку пати оваа недела.Мислам дека сето тоа е намерно затоа што пожарот започнува нон стоп на нова локација.На терен беа и сега се пак- ЈКП” Огражден”, противпожарната служба, МВР и инспекциски служби. Се надевам ќе се открие и казни сторителот, напиша Манчев.
Фото: ФБ Ристо Манчев