Пешак потешко повреден во Валандово

 Пешак потешко повреден во Валандово

Вчера во 11:10 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на ул. „Пионерска” во Валандово патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(62) од Скопје, удрило во пешакот К.Л.(67) од Валандово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Валандово.

Share via
Copy link