Средното училиште „Никола Карев“ го одбележа патрониот празник
Награди за монодрамата „Кротка“ на МТФ „Соло Акт 2026“ – Габрово, Република Бугарија

Професионалното жири на Меѓународниот театарски фестивал „Соло Акт 2026“ во Габрово, во состав: Светла Бенева (театарски критичар), Владимир Петков (режисер) и Мартина Вачкова (актерка), наградата за најдобра авторска музика му ја додели на нашиот соработник Ставро Ангелаков, за неговиот впечатлив авторски придонес во монодрамата „Кротка“, во режија на Дејан Ангелов, а во изведба на Стојан Велков-Трн, соопштија денеска од НТ „Антон Панов“.

Воедно Алтернативното жири наградата за најдобра сценографија ја додели на Никола Пијанманов, за сценографијата на монодрамата „Кротка“, препознавајќи ја нејзината визуелна изразност, сценска функционалност и силна симболичка вредност во рамките на продукцијата.
Монодрамата „Кротка“ е претстава во копродукција на НУЦК „Антон Панов“ Струмица и Здружението за култура „Транзен“ Струмица.
Овие признанија претставуваат значајна потврда за уметничкиот квалитет, креативната зрелост и современиот сценски израз на тимот кој стои зад „Кротка“, како и за континуираната посветеност кон развој и афирмација на театарската уметност на меѓународната сцена.