СДСМ Струмица: Трипуновски глув за маките на струмичките земјоделци, зелката се фрла, Владата молчи
СДСМ Струмица: Трипуновски глув за маките на струмичките земјоделци, зелката се фрла, Владата молчи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, повторно покажува дека нема ниту слух, ниту волја да ги реши проблемите на струмичките земјоделци, се наведува во денешното соопштение на Оштинската организација на СДСМ Струмица.
Иако синдикатот на земјоделци од Струмица побара итна средба поради катастрофалниот пад на откупната цена на пролетната зелка, министерот Трипуновски до ден денес нема одговор.
Односот на Владата кон луѓето кои ја хранат државата е целосно игнорантска.
Откупната цена на зелката денес се движи меѓу 8 и 10 денари за килограм, далеку под производната цена. Земјоделците јасно побараа минимум 30 денари за да не работат со загуба.
Поради ваквата негрижа, струмичките ниви се претвораат во депонии, зелката се фрла затоа што никој не ја откупува, односно се приморани да ја даваат по цена од која нема профит и со тоа производителите трпат огромни загуби.
Ова е директен резултат на неспособноста и неработењето на министерството.
Наместо да се слика и да дава празни ветувања, Трипуновски треба веднаш да седне на маса со земјоделците и да понуди конкретни мерки.
Секој изгубен ден значи нови штети, нови фрлени производи и нов удар врз македонското земјоделство.
Струмица и струмичките земјоделци не смеат да биде оставени сами.Чии интереси застапува Министерот Трипуновски!?