Општина Струмица организира „Саем на книга 2026“ на плоштадот „Гоце Делчев“
Просечната нето-плата во март достигна 48.433 денари, реалниот раст е 3,1%

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во државата во март 2026 година изнесува 48.433 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Ова претставува номинално зголемување од 8,2% во однос на март минатата година. Сепак, поради влијанието на инфлацијата која „изеде“ дел од зголемувањето, реалниот раст на просечната плата се сведува на 3,1%.
Зголемувањето на просекот најмногу се должи на растот на платите во следните дејности:
- Транспорт и складирање: раст од 15,6%
- Дејности во врска со недвижен имот: раст од 12,2%
- Информации и комуникации: раст од 11,6%
И покрај статистичкиот раст на примањата, една просечна плата сè уште не ги покрива основните месечни потреби на домаќинствата. Според податоците, синдикалната кошница за април 2026 година изнесувала 68.797 денари, што значи дека за нормален живот на едно четиричлено семејство се неопходни речиси две просечни плати.Извор: Врз основа на анализа од порталот Паноптикум.