Општина Струмица со свечена академија го одбележа Денот на сесловенските просветители – Доделени признанија на 15 просветни работници

 Општина Струмица со свечена академија го одбележа Денот на сесловенските просветители – Доделени признанија на 15 просветни работници

Со свечена академија во големата сала на НУЦК „Антон Панов“, Општина Струмица им оддаде почит на основоположниците на словенската писменост, браќата Свети Кирил и Методиј. На настанот беа доделени признанија на најистакнатите образовни кадри од општината.

Пред многубројните просветни работници, ученици и граѓани, свое обраќање имаше градоначалникот Петар Јанков, кој ја истакна суштинската улога на образованието и културата за опстанокот и достоинството на еден народ.

„Нашиот јазик е наш дом. Нашата писменост е наш корен. Празникот 24 мај потсетува дека мораме постојано да инвестираме во знаењето, во младите генерации, училиштата и во сите оние посветени поединци што ја носат светлината на образованието“, порача Јанков.

Тој додаде дека во време на брзи технолошки промени и современи предизвици, мудроста и критичката мисла се поважни од кога било, бидејќи токму образованието создава слободни луѓе и сигурни општества. Градоначалникот им оддаде посебна почит на сите учители, наставници и воспитувачи кои тивко и посветено ја продолжуваат мисијата на сесловенските просветители.

Во рамки на академијата, Општината врачи признанија „Св. Кирил и Методиј“ на вкупно 15 просветни работници, негуватели и воспитувачи. Наградите се доделени како вреднување за нивните постигнати исклучителни резултати во работата, како и за афирмација на училиштата, градинките и целокупната воспитно-образовна професија.

Share via
Copy link