dm отвора нова продавница во Гевгелија на 28 мај

 dm отвора нова продавница во Гевгелија на 28 мај

На 28 мај 2026 година (четврток), со почеток од 12 часот, dm ги отвора вратите на својата нова продавница во Гевгелија, во Mega Shopping Park на улица Васил Главинов бр. 9.

Во новата продавница, покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, купувачите ќе може да уживаат и во попуст од -15% на АПСОЛУТНО СЀ, кој ќе трае од 28 до 31 мај!

Покрај ова, на денот на отворањето, купувачите ќе може да уживаат и во дополнителни изненадувања:

  • подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 499 денари
  • подарок торба за пазарување, со секоја сметка над 699 денари
  • подарок пешкир, со секоја сметка над 1.999 денари

Подароците се делат само на 28 мај, до истек на залихи, а летокот за отворањето може да го погледнете на следниот линк.

На денот на отворањето, купувачите на dm ќе бидат пречекани и во супер весела атмосфера со DJ и забава за најмалите!

Општествената одговорност на dm како компанија и овој пат ќе биде неизоставен сегмент од отворањето, па така на денот на отворањето ќе се реализира и посебна добротворна активност. Во период од еден час на денот на отворањето, купувачите ќе имаат можност да бидат услужени од познатиот инфлуенсер Александар Динев, кој со своето присуство несебично ќе даде придонес кон донацијата на dm која ќе биде насочена кон ООУ „Владо Кантарџиев“, училиште со ученици од социјално загрозени семејства.

Новиот продажен објект на dm е со вкупна површина од 542 м2, од кои 450 м2 продажен простор, а магацински простор и помошен простор е 83.78 м2.

Во новата dm продавница во Гевгелија, купувачите ги очекува внимателно селектирана понуда со речиси 13.500 производи, создадена за да одговори на различните секојдневни потреби на целото семејство. На едно место ќе бидат достапни производи за нега и убавина, нега за мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како и производи за хигиена во домот и нега на алишта. Со практично организирана и широка понуда, новата продавница ќе овозможи едноставно, брзо и пријатно пазарување.

Како дел од препознатливото dm искуство, посебен акцент е ставен на сопствените трговски марки, кои опфаќаат повеќе од 3.000 производи со германски квалитет и секогаш поволни цени. Марките како Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и многу други, веќе се добро познат избор за купувачите и претставуваат важен дел од понудата со која dm секојдневно гради доверба кај своите потрошувачи.

Share via
Copy link