Јанков: Струмица ќе добие спомен-обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР

 Јанков: Струмица ќе добие спомен-обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР

-Во рамки на денешната посета на Струмица на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, остваривме работна средба при што извршивме увид на локацијата во Градскиот парк, определена за поставување спомен-обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков,

-Како општина ќе ја интензивираме соработката со Министерството за реализација на овој значаен проект, кој ќе претставува траен израз на почит кон хероите кои ги положија своите животи во служба на татковината и граѓаните.Истовремено, заедничката соработка ќе биде насочена и кон нови инвестиции во безбедноста преку модернизација на инфраструктурата, имплементација на технички и дигитални решенија и унапредување на системите за превенција и сообраќајна безбедност, со единствена цел уште побезбедна и посигурна средина за сите граѓани, напиша Јанков на неговиот фејсбук профил.

Share via
Copy link