ЖИТЕЛ ОД ЗЛЕОВО ИЗВРШИЛ ТЕШКА КРАЖБА, телевизорот и мобилниот пронајдени, златната ракавица се бара

 ЖИТЕЛ ОД ЗЛЕОВО ИЗВРШИЛ ТЕШКА КРАЖБА, телевизорот и мобилниот пронајдени, златната ракавица се бара

На 08.07.2026 во 21:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.С.(22) од село Злеово, радовишко. Тој е осомничен дека извршил тешка кражба во куќа во село Злеово, пријавена на 06.06.2026, при што одзел телевизор и златна нараквица.

Во службен разговор лицето го признало делото, при што бил пронајден телевизорот В.С. се сомничи и дека на 22.06.2026 во село Габревци, општина Конче, украл мобилен телефон, кој му го дал на користење на Н.С. од село Воиславци, каде е пронајден при извршен претрес во дом.  

За настаните е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Фото: архива илсутрација

Share via
Copy link