Полициски билтен:пронајдена ловечка пушка во Удово, двајца возеле пијани и без дозволи
Полициски билтен:пронајдена ловечка пушка во Удово, двајца возеле пијани и без дозволи

На 11.08.2026 во 18:45 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода И.Л.(37) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм, која ја поседувал без дозвола. За настанот е известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.08.2026 во 20:50 часот на регионален пат помеѓу Нов и Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.Е.К.(30) од село Радање, општина Карбинци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола со 0,80 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Ноќеска (12.08.2026) во 04:08 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(42) од село Богородица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал по извршеното мерење со дрегер е утврдено дека возилото го управува со 2,58 промили алкохол во огранизмот. Возилото е одземено, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.