Полициски билтен:приведен избеган затвореник од Идризово, физички напади и агресивно однесување

 Полициски билтен:приведен избеган затвореник од Идризово, физички напади и агресивно однесување

Ноќеска (19.08.2026) во 01:20 часот во Полициската станица Гевгелија е приведен А.М.(28) од Струмица. Тој бил баран по потерница поради бегство од затвор, каде издржувал затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување уште 10 месеци. Лицето е спроведено во Казнено поправна установа „Затвор Идризово“ за доиздржување на казната.

На 18.08.2026 во 16:05 часот во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Б.С.(59) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кој го управувал Б.С. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.08.2026 во 09:15 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш лишија од слобода 43-годишна радовишанка затоа што околу 05:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна мајка.  Таа е спроведена во здравствена установа, а за настанот е запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.08.2026 во 21:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш го лишија од слобода Ѓ.Б.(46) од село Раклиш, радовишко. Според пријавеното тој околу 21:05 часот во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи.  Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител.  По документирање на случајот против Ѓ.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќеска (19.08.2026) во 01:11 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 43-годишен жител на валандовско село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link