Полициски билтен:кај радовишанец пронајден кокаин, сообраќајка, пожари во Струмица и Гевгелија

 Полициски билтен:кај радовишанец пронајден кокаин, сообраќајка, пожари во Струмица и Гевгелија

На 20.08.2026 во 02:00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Г.(32) од Радовиш. При преглед кај него бил пронајден кокаин. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител.  По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.08.2026 во 15:25 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово, патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Н.В. од с.Раборци, струмичко, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.

На 20.08.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 17:30 часот настанал пожар кој зафатил помошен објект сопственост на А.М., лоциран на ул.„Климент Охридски“ во Струмица. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид

Ноќеска (21.08.2026) во 00:25 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Сава Михајлов“ во Гевгелија. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Од преземените мерки било утврдено дека пожарот го предизвикала В.К.(64), која живеела во станот, а која подоцна била спроведена во здравствена установа. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link