Полициски билтен:управувале возило „под гас“ и без возачка, семејно насилство во струмичко и Богданци

 Полициски билтен:управувале возило „под гас“ и без возачка, семејно насилство во струмичко и Богданци

На 08.09.2026 во 17:45 часот во Радовиш,  полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.С.(68) од радовишко село. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал Т.С, и по преземени мерки било констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,71 промили алкохол во крвта. За настанот е известен Јавен Обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило.

На 08.09.2026 во 14:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 37-годишна жителка на селото. Според пријавеното, таа околу 12:00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот 40-годишен сопруг. За настанот е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.09.2026 во 16:00 часот на регионалниот пат кај село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Н.М.(44) од село Балинци, валандовско. При контрола на сообраќајот полициски службеници запреле патничко моторно возило „рено“ со валандовски регистарски ознаки и од извршената контрола било утврдено дека го управува без да поседува возачка дозвола. Возилото е одземено, известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 08.09.2026 во 20:15 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 57-годишен жител на Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом под дејство на алкохол агресивно се однесувал кон неговата 53-годишна сопруга. Тој е задржан во полициска станица, а за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link