ДАЛИ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА НИ СЕ СЛУЧУВА ОНАА “РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ” ОРКЕСТРИРАНА ОД ОНИЕ КОИ И МИСЛАТ “ДОБРО” НА ДРЖАВАТА И НАРОДОТ

 ДАЛИ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА НИ СЕ СЛУЧУВА ОНАА “РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ” ОРКЕСТРИРАНА ОД ОНИЕ КОИ И МИСЛАТ “ДОБРО” НА ДРЖАВАТА И НАРОДОТ

Гледајќи го вчера излагањето на т.н. организирана трибина од незнам како да го наречам ајде да го речам движење кое делува под името 12:05 или според мене веќе помината е границата затоа мора да делуваме. Да се разбереме мудри играчи веќе видени на мак политичка сцена со добро смислено и спакувано и сварено сценарио кое мислат дека може да му го продадат на обичниот граѓанин, поготово одат на тоа дека членството на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија , било незадоволно од сегашното раководство! Инаку движењето делува под името “Разговори за иднината на Македонија” !

Кои се главните играчи и носители на оваа приказна наречена 12:05 или “реформатори и борци за смена на претседателот Венко Филипче и моменталното раководство на Сдсм. Како главен организагор се јавува #Игор#Ивановски–#Шема несудениот “премиер” кој го нарекуваат директен наследник на “Папата” т.е. Бранко Црвенковски основачот на партијата Сдсм. И во времето пред Груевски и во времето на Груевски и сега, тој човек не беше нит е достапен за обичниот граѓанин нит пак јас еве кој сакав да исконтактирам и да ги слушнам неговите ставови успеав да исконтактирам човекот беше буквално [се] освен лидер во партијата и доби разноразни функции и шанси, но никојпат немаше слух за обичниот народ освен што се движеше низ тие високи кругови и демонстрираше моќ и влијание, кое што нешто го прави и денес.

Вториот играч е Андреј Петров, замислете човекот кој до вчера исто така ги имаше највисоките функции во таа партијата, денес се дрзнува да каже дека нешто не чини а притоа и онака делувајќи како сега да стапува на функција во партијата. Епа другар Петров ако не се младите и оние кои те направија да бидеш она кое си и кое беше тогаш во тоа време каде ќе беше а? Сето тоа ја карактеризира довербата која ја имаат за тебе и верувале во тебе и за тоа треба да им бидеш благодарен а не вивнат во облаци и недостапен и тогаш а и сега. Пријателе ти зависиш и излегуваш пред народ кој верува, верувал во тебе не пред некој кој немал друга работа па на тебе ти мавтал знамиња и те поддджувал !

Третиот играч Никола Ќурчиев,поранешен ген сек на СДСМ, за кој јавно во етер, сегашниот претседател Венко Филипче изнесе обвинение дека негова фирма зела некаков договор од 1.6 милиони евра но тоа нека си го разјаснуваат они меѓу себе бидејќи,Ќурчиев најави тужба? Исто како предходните двајца и овој не беше и сеуште е недостапен за народот а и јас како обичен граѓанин не успеав да исконтактирам со него!

Новиот преговарач и дојден од друга партија, Amar Mecinović , како што кажа со цел да преговара со секој фактор кој би можел да значи конструктивна опозиција, е детето кое беше поддржано и од мене на локалните избори а очигледно имало и задкулисни игри бидејќи сите погоре наведениве се познати под името т.н. Скопско крило на партијата, иако тие го делат Филипче и тие гласачи кои застанаа позади него на последните локални избори, нарекувајќи го фракција на Сдсм, или помеѓу народот познато како Струмичко крило на партијата, за кое ме сметаат и мене, иако јас отсекојпат сум се борел се борам и ќе се борам рамо до рамо со и за народот.

Мециновиќ од Сдсм, доби покана не тој, туку и цела Левица за приклучување на опозициониот блок против ова автократско веќе очигледно владеење на Дпмне. Дали преговара дали одработува како и овие погоре другарот Мециновиќ ќе покаже времето, но тие како партија освен некои испади и шоуа, јас со чест на исклучоци кои ги има во партијата Левица а повеќето преминаа од Сдсм, кои работат конструктивно со конкретни предлози и видувања, дадени предлози и амандмани, или предлог закони во Собраниене невидов ништо конструктивно и на дело за 10 години.

Јас оваа партија не дека имам нешто против неа, но нејзиното антиеверопско анти Нато и проруско делување, кое се коси со приоритетите на нас, социјалдемократите кои делуваме проевропски и наша главна стратешка цел е Европската Унија, покрај пријателството со Русија и останатите земји од Брикс. Венко да се надоврзам на горекажаното, исто така и подаде рака и на Левица и ја повика но притоа кажа да се откаже од она проруското и анти Нато и Еу влијание, кое реков времето ќе покаже дали е така или не, но тоа тече за нас, губиме време како народ и држава тече за нашата иднина иднината на нашите деца и сонот на нашите предци, на борците кои сонот го гледаа на културното поле, на оние што го исплетоа шарениот килим, на мултиетничка држава ама Македонска, на Асномците на таткото на нацијата и човекот кој без ниеден испукан куршум ни ја донесе првата Независна,Самостојна и Суверена Македонска држава Република Македонија Киро Глигоров!

На крајот од оваа платформа движење 12:05, ќе ја спомнам и мојата драга пријателка и пратеник од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска која имаше излагања на сите конгреси кои беа после изборите и никаде не донесе или пак не излезе со конкретен став што како и зошто се решила на ваков акт, освен, што прочитав дека добивала некакви непристојни понуди од ова раководство а како и што реков ќе видиме понатаму? Неа ја познавам и контактирам и можам да кажам дека барем по достапноста, дели од сите овие погоре, наведени загрижени лица за “Иднината на Македонија”. Таа беше и кандидат за претседател на Сдсм, но се откажа од трката како и зошто никојпат не се изјасни целосно и дали тие понуди за кои што прочитав и биле кажани тогаш па таа едноставно се одлучила на таков чекор?

На крајот на денот јас не се кријам дека сум растел под знамето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сум социјалдемократ не се срамам да го кажам тоа, но исто така не ми е страв да кажам дека не принадлежам никому. Ниту Venko Filipce , нити Зоран Заев а ни некој друг ми делува на моето мислење ме плаќа и наведува да заземам страна пишувам и коментирам. Јас сум тука постојам и сум во директна комуникација со народот делувам како независен социјалдемократ и мојата цел е оваа држава да стане достојно пристојно и богато место за живеење, градејќи ја својата иднина во Европската Унија,заедно рамо до рамо со оние кои не делеа ни правеа неправди а сега се приморани да седат на ист стол со нас на исто рамниште и со еднакви права. Само така можеме и да направиме држава со висок стандард, обединета политички територијално и Македонците да бидат рамноправни, еднакви во различностите со другите европски народи. Шарениот килим мултиетничкото општество, кое ни го оставија Асномците, македонската нација, оти пред се сите ние сме Македонци а потоа секој според своето етничко потекло, бидејќи тука живееме тука твориме плаќаме даноци гледаме фамилии и планираме да останеме до крај и да го градиме ова општество заедно постојано ставајќи нови шари, оти така килимот ќе изгледа,ем поубав, ем поголем, ем поскап, ем воодушевувачки и привлечен, за да се гледа и доживее како своја домашна творевина, на мини општество, кое отсликува единство, сплотеност, култура во едно парче земја тешко задобиено и оплакувано натопено со многу крв и жртви, дадени за да би некој денеска можел да експериментира со него и го замајува и манипулира народот!

За крај да резимирам скоро сите политички чинители ме знаете, со повеќето од вас сум имал и директни средби, затоа не заборавајте можеби ме сметате за “незначаен чинител” на мак политичка сцена, но јас не влегов во неа случајно и не стигнав до тука, за да се откажам гледајќи како некој го растура, она за кое некој се борел, трудел, војувал, крвавел,одел гол и бос итн. Јас сум Ванчо Тркалевски по убедување социјалдемократ и сакам да придонесам во Соломонското решение околу овие т.н незадоволства и рушење на демократски начин задобиените привилегии, на некои личности да бидат и лидери и на функции во партии и дел од раководства. СДСМ била тука и одлучувала секојпат не жалејќи се себе си и својот рејтинг, но овојпат на мене работата ми делува како оркестриран прогон за да би се создала конфузија помеѓу социјалдемократите,се разбира и општо помеѓу народот и тука некој да поентира, мирно гледајќи и шетајќи се на државна сметка, притоа демагогирајќи дека остварил средби и договорил многу добри капитални инвестиции, придобивки а од друга страна трошејќи 5.5 милиони евра за парадни збиднувања, но земање, заем ли грант ли незнам како да го наречам за отворање на рудник за антимон и тоа било во ред! Е не е пријателе! Државата не ни е на распродажба преку земање такви средства без покритие и на збор со недоволно објаснување .

Не заборавајте тука сум постојам и ќе кажам и повторам се разбира директно прашам? Вие од иницијативата ајде и така да ја наречам 12:05, кажете ги вашите барања објаснете ја вашата визија конкретно и ако решението е смена на Филипче за окрупнување на борбата против ДПМНЕ, тогаш се согласувам а верувам и Венко ќе се согласи но тоа да биде добро за сите нас како опозиционери, бидејќи знајте дека многу добро знам во што навлегувам и на каде одам и ако треба да ги предводам слободоумните и оние социјалдемократи кои знаат да ја негуваат вистинската идеја за државност, еднаквост, рамноправност, спокоен достоен живот кој би значел : ресет на системот, функционални институции, владеење на правото т.е. законот и правда еднаква за сите, полноправно членство во #Еу притоа, користејќи ги Еу Фондовите за конечно ставање крај на голготите околу откупот производството и пласирањето на земјоделските производи на европскиот пазар ,помагање на нови развојни стратегии околу технологијата, но тоа не значи отварање на дата центри веднаш, на кој како и каде му текне туку согледување што и како би се натпреварувале со другите земји со вештачката интелигенција и роботиката се она кое нема да и штети на животната средина и би било продуктивно финансирање на мали и средни претпријатија кои исто така би имале отворен пазар и многу други работи како што се здравството и енергетската независност, работи кои би не правеле конкурентни а не да се занимаваме со нешто кое ни е однапред решено со потпишувањето на преспанскиот договор и го користат, квазипатриотите за своја промоција (Идентитетот), се знае кои сме што сме и на каде одиме ! Не ни е потребна дополнителна поделба и правење услуга на оние кои го кочат просперитетот, ни треба мудрост трпение и соломонско решение, околу недоразбирањата.

Инаку ветувам ако е потребно се што е можно ќе направам дури можеби и независна политичка опција каде ќе ги повикам погоре наведените слободоумни не само по убедување социјалдемократи туку граѓани кои се подготвени и кои сакаат оваа македонска држава да успее и опстане а не да стане место каде ќе се населат туѓинци и место каде секој ќе бара начин како да замине. Доста беа овие исселувања и одливање на мозоци нема да дозволам да ни се случи егзодус каде слободоумниот граѓанин ќе биде принуден да замине од својата татковина! Затоа договорете се и изјаснете се конкретно која е вашата цел и за што се борите вие од 12:05 !

Пишува: Ванчо Тркалевски

(Југоинфо ги објавува коментарите на авторите без интервенции и отвора просгор за сите мислења и ставови кои не сејат говор на омраза)

Share via
Copy link