Се одржаа традиционалните 47. ноќни крос трки во Струмица

 Се одржаа традиционалните 47. ноќни крос трки во Струмица

Синоќа во Струмица се одржаа традиционалните 47. Ноќни крос трки, на кои учествуваа над 600 ученици од основните и средните училишта од четирите општини на Струмичкиот регион.

Настанот се реализираше во организација на Меѓуопштинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Струмица.

На настанот присуствуваше градоначалникот Петар Јанков, кој заедно со советникот за спорт, Ристе Ристов, и членовите на Советот на Општина Струмица, им ги додели наградите на најуспешните ученици.

Во рамки на настанот се одржаа 14 трки во машка и женска конкуренција, во различни возрасни категории, со што уште еднаш се потврдија значењето на спортот, физичката активност и поттикнувањето на натпреварувачкиот дух кај младите.

Share via
Copy link