Полициски билтен:струмичанец агресивно се однесувал кон сопругата и неговата мајка, жена од гевгелиско возела без возачка

 Полициски билтен:струмичанец агресивно се однесувал кон сопругата и неговата мајка, жена од гевгелиско возела без возачка

На 10.11.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Полициска станица Струмица-СВР Струмица го лишија од слобода А.В (59) од Струмица затоа што во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и нејзината мајка. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.11.2026 во 22:30 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово ја лишија од слобода 40-годишната Д.Т од с.Миравци, гевгелиско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки, кој го управувала Д.Т. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Share via
Copy link