„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Каланоски трето летно засилување на Беласица
Екипата на Беласица е на прагот да го претстави своето најново засилување за предизвиците во следната сезона.
Струмичката фудбалска гордост го договори своето трето летно засилување. Охриѓанецот Антонио Каланоски е најново засилување за повратникот во македонската фудбалска елита.
Офанзивниот фудбалер е трет нов играч во редовите на Беласица во овој трансфер период, откако досега во Струмица се преселија Арбен Тафа и Бразилецот Робсон да Силва.
Со доведувањето на Каланоски тимот од „Младост“ доби на искуство во офанзивата и фудбалер кој во минатото настапувал за Лабуништа, Победа, Металург и Силекс.
Извор: www.gol.mk