fbpx

Јанев: Ги отфрлам и демантирам сите лаги и невистини упатени кон мене

Градоначалникот на Василево, Марјан Јанев попладнево на неговата официјална фејсбук страница реагираше на информациите објавени во одредени медиуми дека му е одреден притвор заради изборен поткуп

„Последните денови, против мене како Градоначалник, но и како човек, со лажни вести од одредени структури се врши своевиден атак врз мојата личност.
Очигледно е дека целта на овој континуиран напад е да се дискредитира мојата работа како градоначалник, но и да бидам оцрнет како човек, кој секогаш работи одговорно и чесно.

Запрепастен сум од жестината на нападите и клевети, за кои сметам дека е апсолутно апсурдно да ги коментирам и во овој специфичен период да подгревам нечии страсти. Разрешницата ќе ја барам во рамки на институциите, бидејќи тоа е единствениот пат по кој правдата и вистината ќе излезат на виделина и единствениот начин што јас, а и целиот цивилизиран свет го признава како меродавен.

Најодговорно тврдам дека т.н информации што определени медиуми ги пласираат за мене и ги шират преку социјалните медиуми се целосни лаги и апсолутни невистини. Со чисто срце и разум целосно ги отфрлам и демантирам и притоа упатувам апел, лудилото да му отстапи место на разумот и конечно сите да престанат да ја трошат својата креативна енергија и потенцијал на лаги и клевeти туку на нешто позитивно и добро.

Јас како градоначалник на општина Василево и како човек, единствениот пат по кој досега чекорам е патот на макотрпната, чесна , одговорна и отчетна работа. Така ќе биде и понатаму.
А вистината е само една и се надевам дека многу брзо ќе излезе на виделина.“

Почитувани граѓани,Последните денови, против мене како Градоначалник, но и како човек, со лажни вести од одредени…

Gepostet von Марјан Јанев – Градоначалник на Општина Василево am Dienstag, 14. Juli 2020
Share via
Copy link