fbpx

Ристо Николов го продолжи договорот со Џио Струмица

Покрај засилувањата на составот со играчи коишто лани настапуваа во други клубови, целта на Џио Струмица во пресрет на новата сезона е и да ги задржи досегашните одбојкари.

Средниот блокер Ристо Николов потпиша нов договор и ќе остане член на последниот освојувач на двојната круна.

Нашиот одбојкарски репрезентативец целата играчка кариера на домашната сцена ја мина во Џио Струмица, а неговото присуство во тимот ќе му помогне на тренерот Кире Ричлиев да создаде игра за остварување на клупските амбиции во сезоната 2020/2021.

За струмичани тоа значи напад на титулите во првенството и во купот и што подобро претставување на интернационалната сцена.

Share via
Copy link