fbpx

Мотоциклист загина кај Радовиш

 Мотоциклист загина кај Радовиш

Вчера во 16:15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – планина Плачковица, на местото „Еренџе“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од Б.Е.(38) од Радовиш и патничко возило „голф“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.А.(28) од Радовиш.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Штип, каде им подлегнал на повредите.

Со телесни повреди се здобиле И.А. и сопатниците В.Ј.(28) и М.С.(25), кои биле пренесени на лекување во Медицински центар Штип.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Share via
Copy link