„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Од утре бензините поевтини за половина денар по литар
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто.
Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 61,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе продолжи да се продава по 53 денари, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за половина денар по литар и исто така ќе чини 53 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,155 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,06 денари..
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат
зголемувањето на референтните цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 0,82 отсто во последните седум дена и на дизелот за околу 2,47 отсто, како за 1,211 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.