„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„НОВУС“ го реализира проектот „Волонтерството – Надеж за иднината!„
Центарот за истражување и анализи „Новус“ од Струмица преку работилници и
кампањи го реализира проектот „Волонтерството – Надеж за иднината!“, финансиски
поддржан од „Цивика Мобилитас“. Целта на проектот е зајакнување на капацитетите
на локалните младински структури и зголемување на младинското учество во
процесите на донесување на одлуки на локални и на национално ниво, како и
зголемување на младинското учество и активизам преку развој на практики
насочени кон слобода на изразување.
-Во моментов постои мал интерес за волонтирање од страна на граѓаните. Младите денес не се заинтересирани за волонтирање. Некои од причините веројатно се тешката економска ситуација и невработеноста. Често пати младите веднаш бараат место за вработување без да размислуваат за тоа каде може да волонтираат, а потоа таа препорака да ја искористат во процесот на барање работа, информираат од „Новус“.
Во рамки на проектот „Волонтерството надеж на иднината“, тимот на СОУ Никола Карев ја спроведe кампањата – Паркирај совесно!
Исто така беше реализирана и кампањата „Стоп за Дискриминација“, а кампањата ја реализираше тим од СОУ„Јане Сандански“, додека пак првата кампања беше со имот од СОУ “Димитар Влахов” – „Здравјето пред се!“
„Новус“ успешно ги реализираше и работилниците „Од Идеја до Реализација“ со тимовите од Средните Општински Училишта „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“ од Струмица во рамки на проектот ”Волонтерство надеж на иднината!” финансиран од „Цивика Мобилитас“, во кои тимовите работеа на развивање идеи за спроведување на младински Кампањи.