Фото:ОИК денеска им ги додели уверенијата на советниците од СДСМ и коалицијата
Џио Струмица против Омонија Никозија во 1/16 финалето на Челинџ купот

Омонија Никозија од Кипар е противникот на шампионот Џио Струмица во 1/16 финалето на ЦЕВ Челинџ купот, објавија пред малку на официјалната страница на Џио Струмица.
Нашите одбојкари се домаѓини на првиот натпревар, кој треба да се одигра меѓу 8 и 10 октомври во Струмица, а реваншот е меѓу 13 и 15 октомври на Кипар.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување, скопски Вардар ќе ги одмери силите со словенечкиот претставник Калцит Волеј од Камник.