fbpx

Средношколци со мирен протест побараа враќање во клупите

 Средношколци со мирен протест побараа враќање во клупите

Со мирен протест, кој се одржаа попладнево на Плоштадот „Гоце Делчев“, средношколци од Струмица побараа да се вратат во училиштата и да продолжат со настава.

Со транпаренти „Назад во клупа“, „Неписменоста е полоша од вирус“ и „Протестирам за мене, за тебе, за сите“, средношколците им порачаа на надлежните дека вистинскиот проблем ќе се случи кога ќе ќе ја изгубат довербата во образовниот систем  и затоа бараат да се вратат на настава.

-Знаеме колку онлајн наставата е „ефикасна“ и колку секој од нас го поседува потребниот електронски уред за функционирање со истата. Затоа ова е повик до надлежните да го слушнат нашиот глас и да го слушнат нашето мислење, зашто во спротивно ќе ја убијат желбата за напредок и ќе ни ја закопаат иднината со тоа, рече средношколката Катерина Гонева.

Пред средношколците се обрати и ученичката Лилјана Коцева, која подвлече дека треба да се оди на училиште, бидејќи моќта на образованието е неоспорна.

Рекоа дека се подготвени да посетуваат и комбинирана настава, но најавија и продолжување на протестите доколку нивните барања не се прифатат.

Share via
Copy link