fbpx

Заокружен проектот за поставување агро-метереолошки станици во Југоистокот

 Заокружен проектот за поставување агро-метереолошки станици во Југоистокот

Форумскиот циклус од 2019 година заврши вчера со презентација на резултатите на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, а се одржа во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Сесијата се одржа во хотел „Сириус“ во Струмица, според протоколите и препораките на Владата за заштита од Ковид-19.

На четвртата форумска сесија се презентираа резултатите од проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, кој на партиципативен и транспарентен начин беше изгласан за прв на листата приоритетни проекти од страна на граѓаните на Југоисточниот плански регион на Регионалните форумски сесии од 2019 година, коишто се организираа во рамки на Грантова шема за инвестициски проекти 2019 година финансирана од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Учесниците на оваа сесија имаа можност да се информираат за текот и процесот на реализација на избраниот проект, резулататите кои се постигнаа со проектот и препораките кои беа упатени од форумот за подобрување на животот во пошироката заедница и регионот.

Проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ е прогласен за еден од најиновативните проекти произлезен од Регионални форумски сесии во 2019 година, а за успешноста на овој проект исто така сведочи и тоа што оваа 2020 година уште два Регионални Центри ќе го имплементираат истиот проект во два други плански региони во Република Северна Македонија.

Во однос на останатите предлог проекти кои произлегоа од Регионалните форуми од 2019 година, Жулиета Ѓуркова, раководител на ЦРЈИП, истакна дека истите се од голема важност за Центарот бидејќи се произлезени од граѓаните на регионот и во иднина ќе се прават напори да бидат финансирани.

Сите потребни информации кои се мерат и обработуваат преку станиците може да се добијат на www.agrojug.mk како и на мобилната апликација “Meteobot” каде што се мапирани сите 23 Агрометеоролошки станици во регионот.

Share via
Copy link