„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица повторно со двоцифрен број заразени од коронавирус, еден починат
Денес во Струмица се регистрирани 11 нови случаи на заразени од коронавирус, а еден пациент на 58 години починал. Освен во Струмица, новозаразени се регистрирани во Радовиш-3 и Валандово-1.
Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во:-
Скопје 46- Куманово 7- Штип 1- Прилеп 2- Тетово 1- Струга 6- Велес 4- Битола 7- Охрид 4- Гостивар 3- Струмица 11- Радовиш 3– Кочани 4- Пробиштип 1- Берово 1- Валандово 1– Виница 1- Делечево 1- Кратово 1- Свети Николе 4- Кичево 2- Ресен 1.
Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од:
– Скопје 42- Куманово 8- Штип 3- Прилеп 8- Тетово 10- Струга 6- Велес 4- Битола 3- Охрид 10- Кавадарци 2- Гостивар 13- Гевгелија 11- Струмица 4– Крива Паланка 2- Радовиш 2– Крушево 2- Кочани 4- Пробиштип 1- Македонски Брод 2- Пехчево 1- Берово 3- Валандово 1- Виница 2- Делчево 8- Свети Николе 3- Кичево 3- Ресен 1.
Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид-19.
Нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.