fbpx

Мотоциклист од Петралинци потешко повреден во сообраќајка во Дабиле

Завчера во 21:00 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пијаџо“, со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(44) од село Петралинци, струмичко, и патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К. (32) од село Дабиле, струмичко.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Извор: МВР-билтен

Share via
Copy link