„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полицијата и инспекциите повторнo ги „чешлаа“ угостителските објекти
Секторот за внатрешни работи Струмица за време на викендот во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат и општински комунални инспектори извршија контрола над угостителските објекти во општина Струмица со цел утврдување дали се почитуваат Одлуките и Протоколите од Владата на РСМ во врска со Коронавирусот (COVID -19).
На 02/03.10.2020 година, од извршена контрола над 22 угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица, во 1 угостителски објект е констатирано 1 кривично дело по 206 од КЗ на РСМ и прекршоци по чл. 8 (пуштање гласна музика) и чл. 21 (овозможување присуство на малолетни лица подолго од 24 часот)од ЗППЈРМ. а во 1 угостителски објект констатиран е прекршок по чл. 21 од ЗППЈРМ
На 03/04.10.2020 година, од извршена контрола над 4 угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица, во 2 угостителски објект се констатирани 2 кривични дела по 206 од КЗ на РСМ и прекршоци по чл. 8 и чл. 21 од ЗППЈРМ.
Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат препораките од Владата на Република Северна Македонија и законските правила и прописи.
Соопштение на СВР Струмица