fbpx

Со повеќе редари и агенции за обезбедување ќе се става ред во мешаниците пред банките

 Со повеќе редари и агенции за обезбедување ќе се става ред во мешаниците пред банките

Денеска ја продолживме серијата средби со целни групи на Локалниот совет за превенција на Струмица за актуелната состојба со Ковид-19. По угостителите, средба одржавме со претставниците на банките пред чии филијали во Струмица деновиве зачестија мешаниците од граѓани.Се договоривме да се подобри дисциплината, да се воспостави ред со ангажирање на агенции или на друг начин да се зголеми бројот на редарските служби не само внатре во банките, туку и пред нивните објекти. Апелирам до сите, правни и физички лица, најсериозно да ја сфатиме состојбата со Ковид-19 и да ги почитуваме донесените протоколи за работа и мерки за заштита, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски по завршувањето на денешната средба на Општинскиот совет за превенција со претставници на банките кои имаат филијали во Струмица.

Share via
Copy link