fbpx

Бензините поефтинуваат, дизелот со иста цена

 Бензините поефтинуваат, дизелот со иста цена

Од вечерва на полноќ се намалува цената на бензинот за половина денар, додека цената на нафтата за возилата и за домаќинствата останува непроменета.

Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,00 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 61,00 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 50,50 денари за литар), колку што изнесува и цената на нафтата за домаќинствата.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг и ќе изнесува 26,754 ден/кг.

Share via
Copy link