fbpx

Новото крило на струмичката болница се подготвува за прием на ковид-пациенти

 Новото крило на струмичката болница се подготвува за прием на ковид-пациенти

-Разговаравме како постепено да се подготви дел од новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород и за неколку денови може да биде ставено во функција, рече министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на струмичката болница.

Во новото болничко крило има стотина кревети, но треба соодветно да се распредели и кадарот.

Директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов информираше дека двајцата лекари и шесте медицински сестри се уште се во изолација и на домашно лекување, а моментно на лекување во болницата во Струмица се 32 ковид-пациенти, а 20 пациенти секојдевно доаѓаат да примат амбулатна терапија.

Преде неколку денови капацитетите за сместување на болни од коронавирусот беа целосно исполнети, а денес се слободни пет кревети.

Share via
Copy link