Актуелниот шампион Струмица му го нанесе првиот пораз сезонава на Штип УГД
Даниел Димевски нов претседател на Македонскиот олимписки комитет

Поранешниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Даниел Димевски, официјално е избран за нов предводник на Македонскиот олимписки комитет (МОК) на Собранието кое се одржа вечерва во Скопје.
Противкандидатот на Димевски, Војнеска-Зикова предвреме си замина, а гласањето беше извршено тајно, според препораките од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Димевски на гласањето добил доби 30 гласа, а Војнеска-Зикова добила еден глас, додека едно ливче било празно.