fbpx

Се намалува бројот на новозаразени од ковид-19 во Струмица

 Се намалува бројот на новозаразени од ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на ковид-19, а во Струмица се регистрирани 17 нови, а оздравени се 9 пациенти.

– Скопје 230- Куманово 35- Штип 13- Прилеп 65- Тетово 39- Струга 1- Велес 27- Битола 15- Охрид 3- Кавадарци 10- Гостивар 27- Гевгелија 13- Струмица 17- Крива Паланка 6- Радовиш 7- Крушево 3- Кочани 15- Пробиштип 3- Берово 5- Валандово 3- Виница 3- Делчево 2- Кратово 6- Свети Николе 4- Кичево 3- Ресен 1- Неготино 9.

Починати се 21 лице, 6 пациенти од Скопје (45,52, 63, 67, 68 и 84г), пет пациенти од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83г), еден од Куманово (74г), двајца пациенти од Велес (83 и 89г), двајца од Богданци (75 и 85г) и по еден пациент од Битола (79г), Радовиш (71г), Прилеп (61г), Охрид (51г) и Штип (63г). Освен еден пациент кој е починат вон, сите други се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од:

– Скопје 58- Штип 7- Прилеп 9- Тетово 6- Струга 8- Велес 7- Битола 11- Охрид 11- Кавадарци 5- Гостивар 6- Струмица 9- Кочани 5- Пробиштип 2- Демир Хисар 1- Берово 1- Валандово 2- Виница 1- Свети Николе 2- Неготино 3.

Досега во земјата се направени вкупно 253.173 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32997, бројката на оздравени пациенти е 21244, на починати е 1025, а бројот на активни случаи изнесува 10728.

Share via
Copy link