Лекар во Гевгелија нападнат од возач на Итна медицинска помош
„Медија Флеш“ продолжува со реализицијата на проектот „Читај меѓу редови и биди медиумски писмен“
Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“-Струмица продолжува со реализација на проектот „Читај меѓу редови и биди медиумски писмен“ финансиран и поддржан од стрна на општина Струмица.
Вчера заедно со волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Струмица и со секретарите на овие организации од Струмица и Радовиш, организиравме работилница за медиумска писменост, која онлајн ја следеа и десетина млади волонтери на Црвениот крст.
Присутните, од страна на координаторот на проектот, Ристо Тасев и асистентот, Веле Појразовски, беа запознати со целите на проектот, значењето на медиумската писменост во услови на пандемија на Ковид-19, распознавање на лажни вести и нивно откривање.
Посебен акцент на работилницата беше посветен на зголемувањето на видливоста и транспаретноста на Организацијата на Црвен крст и како информациите за нивните активности да бидат уште повеќе присутни во јавноста
Овој проект има за цел зголемување на свеста на младите во општина Струмица за критичко размислување преку мотивација за креирање на сопствен став и одговорно изјаснување во јавноста, со користење на аргументи и компетентност, препознавање лажна вест, особено во време на КОВИД-19 пандемијата.
Со спроведувањето на програмските активности, „Медија Флеш“ ќе ги зајакне капацитети на младите и на дел од граѓанските организации во однос на креирањето содржини базирани на основните новинарски постулати, ќе ја зајакне аргументираноста и компетентноста против лажните вести за време на пандемијата, но од друга страна ќе придонесе да се создаде критична младинска маса, која знае да резонира, распознава, ги елиминира лажните вести и го спречува нивното ширење.
#Читајмеѓуредови #Бидимедиумскиписмен #МедијаФлеш